Откако ВМРО-ДПМНЕ побара примена на хрватскиот Устав, фолирантите од СДС и ДУИ избегаа од примената на хрватскиот модел за промената на Устав иако тие го предложија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-По кој знае кој пат, граѓаните го видоа вистинското лице на СДС и ДУИ. Маските целосно паднаа. Иако тие самите, ДУИ и СДС, во неколку наврати изминатата година јавно кажуваа дека хрватскиот модел е прифатлив и добар за да се имплементира сега ретерираат. И самиот Димитар Ковачевски, како и Бујар Османи јавно истакнаа дека овој модел е добар. Хрватскиот Устав е Устав на земја членка на ЕУ и ги гарантира правата на сите малцинства, и ВМРО-ДПМНЕ смета дека пресликување на истиот може само да ја зацврсти нашата посветеност кон ЕУ и нејзините стандарди, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат:

Толку од европските вредности на ДУИ и СДС. Самите предлагаа уставни промени по хрватскиот модел на Преамбулата, модел на земја членка на ЕУ, одбиваат и бегаат како ѓавол од темјан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.