Мартин Гоџоски од охридската населба Варош беше најуспешен и меѓу неколкуте стотини верници успеа да го извади Чесниот од осветените води на Охридското Езеро.

Речиси десет години наназад скокам во езерото за да го фатам крстот. Голема желба ми беше да го фатам, еве тоа се исполна. Чувството е прекрасно, мислам дека тоа ќе ми донесе многу среќа и благососотојба во фамилијата. За да стигнеш до Чесниот крст мора да постиш, да си внесен во верата и да ги почитуваш правилата на Црквата, рече 25-годишниот Гоџоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.