Нема да одам на отворањето на бугарскиот клуб. Ниту делегација на СДСМ, ниту владина. Ние имаме зацртано пат за отворање на официјален македноски клуб. Кога ќе се отвори тој клуб ќе бидеме таму, вели за „Студио 10“ Бојан Маричиќ, вицепремиерот за европски прашања.
Ова е приватна иницијатива. Секој има право да реализира. Ќе видиме како ќе се одвива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видием дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницитијава, рече тој.
Додаде дека немал информација кој стои зад ова инцијатива и „која е целта“.
Подобро е институционално даги водиме работите. Веќе имаме македонски културен центар во Софија. Таму имама редовна и транспарента програма без политичка агенда. Се уште иамаме резерва кои стои зад овј клуб и како се одвива ситуацијата. Вчера се обајви една вест на која беа кажани имињата кои стојат зад овој клуб. Доколку е истата инцијатива, да не заборавиме дека тоа беше структура која беше жестока против референдумот, отвораа и други теми против Преспанскиот договор, додава Маричиќ.
Рече дека одговорно реагирале на „сите провокации“ и се трудат да се водиат кон она што е остварување на поставената цел – потпишувањето на договорот со Фронтек.
Вапцаров е ценет книжевник и не може да се спореди со Ванчо Михајлов. Присуството на нивниот премиер на самото отворање го сметам како непромислен чекор. На сите досегашни провокации, како држава ние никогаш не сме молчеле. И она што е најважно – треба секогаш да ја гледаме целта. Ако нашата цел е да се исочитува она што е договорено, наместо да одговоараме на секоја бугарсска провокација, треба да ги реализираме целите. Нашата цел беше да го потпишеме Фронтекс на македонски јазик. Четири гопини не можевме да го потпишеме затоа што Бугарија изразуваше резерва за формулацијата макеоднски јазик и бараше формулацијата да гласи македонски јазик согласно Уставот. Ние не го прифативме тоа. Наша цел воедно беше бугарскиот став да не стане европски, вели Маричиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.