ицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека Антонио Милошоски прави опструкции при изборот на Амбасадори, преку Комисијата во Собранието.
„Имаше и објективни пречки за таму каде што номиниравме амбасадор, Антонио Милошоски преку Комисијата за надворешни работи да прави долготрајни блокади“, рече Маричиќ.
На ова реагираше Милошоски. Тој вели дека владината фрагментираност е сама по себе опструкција за македонската дипломатија, а за тоа најдобро сведочи празната амбасада во Вашингтон, каде Македонија за прв пат од самостојноста цели 4 години нема свој амбасадор.
„Штетата по нашата дипломатија е уште поголема со чинот што во 2021 беше предложен амбасадор за кого САД вербално ни укажаа дека истиот го сметаат за неподобен, а тоа е сериозен фаул“, додава Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.