Оваа прва посета по формирањето на новите влади во Бугарија и Македонија го претставува новиот пристап во разговорите со меѓусебно уважување, отворен дијалог и проширен круг на темите. Таа нова енергија, која беше видлива и на прес-конференцијата на премиерите Петков и Ковачевски сега треба да се прошири и стави во функција на конкретни чекори и мерки за нова динамика, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека целта на новата динамика е да биде интензивна, продуктивна и да даде резултат во реален и видлив рок.

-Затоа договоривме уште во вторник да имаме заедничка меѓувладина седница во Софија. Таму ќе има сериозна бројка на министри од двете страни и ќе се формираат работните групи со што ќе се преземат конкретни должности и ќе се воспостави интензивна динамика на состаноци, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека тоа ќе донесе конкретни и видливи резултати за градење доверба и ставање пред граѓаните видливо подобрување на односите меѓу двете држави и градење на атмосфера за решавање на отворените прашања и тргање на блокадата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.