Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја поздрави денешната одлуката на мнозинството пратеници, кои го поддржаа францускиот предлог за почеток на преговорите.

„Мнозинството пратеници ја докажаа својата визија за европска Македонија, давајќи глас за поддршка на францускиот предлог кој значи почеток на преговорите со Европската Унија. Со денешната одлука ја потврдуваме европската иднина на земјата. Нашиот пат кон Брисел беше тежок и пол предизвици, но вложивме многу труд, енергија и искрено верувавме во нашите цели и определби. Знаевме што сакаме: Демократија, напредок, македонски идентитет, Европа и НАТО и тоа го исполнавме. Покажавме многупати досега дека сме зрели како држава и спремни да станеме партнери со европските земји. Продолжуваме на нашиот македонски и европски пат. #македонски во ЕУ”, стои во Фејсбук статусот на вицепремиерот Маричиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.