Вицепремиерот Маричиќ на денешниот настан TAIEX Самит за пристап до правдата -современи достигнувања во дигитализацијата на правосудството се обрати преку видео порака истакнувајќи ја важноста на “Дигитализацијата на правосудството“ како тема која датира од неговиот претходен мандат во Владата, како министер за правда, започнувајќи го процесот на дигитализацијата на судскиот систем, во рамки на Стратегијата за реформа во правосудството 2017-2022, која продолжува и во периодот од 2023 до 2027 година.

 

„Со првите опремени судници и овозможувањето судења на далечина, создадовме услови за сите учесници во судските спорови да комуницираат дигитално.“

Во продолжение порача дека Владата останува цврсто на ставот дека дигитализацијата на судството и употребата на вештачка интелигенција во судскиот систем не е веќе прашање на избор, туку на неминовност.

„Определбата за дигитализација на правосудтвото е во согласност и со приоритетот на актуелното шпанско претседателство со Европската Унија, за сеопфатно заокружување на процесот на дигитализација и внимателната апликација на регулативата за вештачка интелигенција. Тоа се исклучително значајни алатки за комуникација помеѓу земјите-членки и на агенцијата ЕВРОПРАВДА на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања“

За крај, Вицепремиерот Маричиќ истакна дека судските реформи мора да бидат во корист на граѓаните и дека неговите очекувања се фокусирани на интензивирање на реформите во правосудството, продолжување на соработката со ЕУ и со земјите членки на Унијата.

На настанот воведни обраќања имаа и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, генералниот директор за дигитална трансформација на администрацијата на правдата, Министерство за правда, Шпанија – Аитор Кубо Контрерас, настанот за почеток го модерираше проф д-р и судија Лазар Нанев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.