Суштинската разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е исто како разликата помеѓу патриоти и националисти. Патриотите сакаат, националистите мразат, патриотите градат мостови, националистите рушат, патриотите се интегрираат, националистите се изолираат, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ на денешната трибина во Куманово, „Рeзултати што прават разлика“, на тема „МК во ЕУ до 2030“.

„СДСМ и социјалдемократите секогаш биле патриоти, а еден голем дел од ВМРО-ДПМНЕ беа и останаа националисти кои на евроинтеграцијата гледаат како тема за добивање политички поени, тема за избор, илузија и нереалност“нагласи Маричиќ.

Тој посочи дека опозицијата постојано сее страв и паника кај граѓаните, заплашувајќи ги дека се изгубени нашите идентитетските обележја, со цел да бараат и да ги доведат само до избори.

„Нивна е бајката за бугаризација, бајката за бришење на идентитетот, бајката дека Фронтекс нема да се потпише и дека сме се откажале од јазикот“рече Маричиќ.

Тој посочи дека европската иднина е реалност и македонската европска приказна се темели на реални факти, проекции, ветувања на веќе постигнати резултати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.