Бугарија нема посебни барања во текот на билатералниот скрининг, но Македонија како кандидат за членство ќе мора да ја консултира во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства.
Ова го најави вицепремиерот за европски прашања и преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.
Бугарија нема истакнато никакво посебно барање во текот на билатералниот скрининг. А ние во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства – тој секако ќе биде консултиран со државите членки на Европската Унија бидејќи ќе треба како комплет документи да отидат на усвојување во Советот на ЕУ, рече Маричиќ.
Скринингот е во напредна фаза, а од следната недела ќе почнат билатерални состаноци за три поглавја: право на трговски друштва, право на основање и слобода на давање услуги и право на интелектуална сопственост, кои се дел од кластерот внатрешен пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.