Сите овие состојби кои се случуваа изминатиов период укажуваат дека состојбите во судството и обвинителство се надвор од начинот на кој треба таа трета власт да функционира. Очигледно се неопходни значителни реформи во начинот на водење на судските спорови и однесување на главните носители на судската власт, но и самите судии да се ангажираат да ја сменат сликата за себе си, изјави Илина Мангова од ИРИ за Тема на денот во дневникот на Сител.

Таа посочи дека е потешко во судската фела да се направи оваа промена, бидејќи зависи и од политички чекори и е преколективен систем.

Не може еден да ја направи промената, тој систем ќе му изврши притисок. Организациите на судии, на обвинители, главните чинители, можат да разговараат да се почне да се адресира оваа ситуација, да се почне со сериозни реформи да се врати довербата во судството, рече Мангова.

Истакна дека довербата во постоење на владеење на право е падната на вкупно 31% и дека тоа е една од работите кои најмногу ги загрижува граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.