Со видео порака насловена „Непотизам и економија“, снимена за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, познатиот македонски режисер Милчо Манчевски проговори за економските состојби во Македонија, одливот на мозоци од земјата и личното патешествие за поддршка од Македонија за неговите филмови кои секаде низ светот ја промовираа земјата.

Во 1978 бев првенец на генерација и сирак. Бев најдобар студент во мојата генерација. Моите родители починаа кога бев дете. Сакав да правам филмови но ги немав потребните врски за филмска кариера. Обично децата на етаблирани филмаџии и децата на политичари имаат шанса да учат во филмска школа или да бидат финансирани од државата“ – објаснува Манчевски и вели дека тој не добил стипендија, а добил син на познат кинематограф.

Понатаму, зборувајќи за непотизмот, Манчевски вели:

Сите мои филмови добија помалку пари од македонската влада отколку синовите на македонски режисери, на шефови на полицијата, на поранешни портпароли на владата.

Тој неговото видео обраќање го наслови како „Непотизам и економија“, а зборува за неговите патешествија како да добие финансии за неговите филмови „Пред дождот“ (7% учество од македонскиот филмски фонд) и „Прашина“ (5%). Тоа се многу помалку пари од она што го добиваа синовите на, на пример познат македонски режисер или синот на поранешен шеф на полицијата или синот на поранешен владин портпарол, вели Манчевски во своето видео обраќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.