Иако македонските власти избегнуваат да информираат, Александар Сорос, син на американскиот магнат Џорџ, кој сега ја води фондацијата ,,Отворено општество”, редовно објавува на Твитер кога ќе оствари средба со официјалните претставници на Cеверна Македонија.
Така, вчера малиот Сорос објави дека убаво со помуабетил со „северномакедонскиот“ вицепремиер Артан Груби.
Great catching up with my good friend N. Macedonian Deputy Prime Minister @ArtanGrubi. We discussed #OpenBalkans and the initiation of accession talks with the EU—a new chapter in the European path. N. Macedonia is truly a beacon of hope for Europe and the Western Balkans! pic.twitter.com/SwIXMdmo4N
— Alexander Soros, PhD (@AlexanderSoros) August 27, 2022
Разговаравме за #ОтворенБалкан и започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, ново поглавје на европскиот пат. Cеверна Македонија е навистина светилник на надеж за Европа и Западен Балкан!, напиша малиот Сорос по средбата со својот добар пријател Груби.
За средбата, пак, со премиерот Ковачевски малиот Сорос напиша дека му го честитал почетокот на пристапните преговори и го пофалил за поддршката на Украина
Great to be back in Skopje with PM @DKovachevski . I congratulated him on the start of accession negotiations with the EU and commended him on N. Macedonia’s steadfast support of Ukraine. 1/2 pic.twitter.com/935x4Pq6CQ
— Alexander Soros, PhD (@AlexanderSoros) August 26, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.