„Единствено доколку Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново би можело да се разговара за некаков нов исход. Доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет“, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје во Топ тема на ТВ Телма.
Јорданова смета дека не треба да се отвора Уставот пред почетокот на предпристапните преговори со Европската Унија.
Зошто НЕ отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара како нејзино барање кон нас и Европската унија не може да каже значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот, смета Ристевска Јорданова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.