Раководството на локалната власт во Куманово одржа празничен состанок со дел од раководниот женски тим во Општината.
На состанокот, сите припаднички од понежниот пол во општинската администрација беа изненадени со подарок по повод Денот на жената – 8 Март.
Особено сум горд што женскиот тим како 44% од Општинска администрација е една од главните алки во Општина Куманово за домаќинско и успешно работење во нашата институција, 3 многу значајни сектори во Општината ги водат жени, а и претседател на Советот на Општина Куманово е жена. Жените се значаен дел од тимот и секојдневно заеднички креираме, дебатираме и носиме локални политики кои имаат за цел да го подобрат животот на сите кумановци.
Како градоначалник ќе продолжам да се грижам подеднакво за секој еден вработен во општината, да се залагам за родова еднаквост и да создавам подобри услови и можности за работа на секоја жена, затоа што само заеднички можеме да ги менуваме работите на подобро. Честит 8 Март! – порача градоначланикот на Куманово, Максим Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.