Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата на Јосип Броз Тито на малиот градски плоштад во Куманово по повод 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово. Исто така, почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело, рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.