Максим Димитриевски и неговата ЗНАМ ги победија Оливер Спасовски и владејачката партија во заминување, СДСМ. Во Куманово, местото од каде доаѓаат и Димитриевски и Спасовски, ЗНАМ освои 10.612 гласа, а СДСМ 7.144 гласа. Носител на листата која освои околу 3 500 гласа е Даниел Стојчевски, додека пак носител на листата на колаицијата За европска иднина беше токму Оливер Спасовски.

На ниво на цела втора изборна единица, СДСМ освои само 2.397 гласа повеќе од ЗНАМ. Од Куманово потекнува и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Но се чини популарноста и угледот на Максим Димитриевски се на повисоко ниво. Во вотората изборна единица партијата на Ковачевски освои 18.631 гласа, додека пак партијата на Димитриевски 16.234. Тие 2.397 гласа не им донесоа на СДСМ повеќе пратенички места. И едните и другите освоија по две фотелји во собраниската сала. СДСМ обезбеди место за Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а ЗНАМ за Даниел Стојчевски и Даниела Белимова.

|



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.