Претседателот на Француската Република Емануел Макрон денеска се сретна со бугарскиот премиер Кирил Петков во Брисел на маргините на Самитот ЕУ – Африканска унија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Макрон и Петков разговарале за кризата во Украина, а потоа се осврнале на спорот помеѓу Бугарија и Македонија.

Претседателот на Француската Република го охрабри продолжувањето на дијалогот за изнаоѓање решение за спорот што ќе овозможи официјално отворање на преговорите за членство за Македонија и Албанија, информираат француските дипломати за МИА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.