Министерството за надвореншни работи е во постојана комуникација со македонските граѓани во Украина, соопшти на денешниот брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него околностите во Украина ќе се влошуваат, па затоа внимателно се работи на безбедно извлекување на македонските граѓани, се чека на сигурни коридори и конвои.
Само 20 граѓани заминале од Украина пред да почне војната. Низ безбедносни коридори, извлечени се уште 30 граѓани. Вкупно 50 граѓани биле таму. 15 се монитори во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. 15 наши граѓани, цивили, се извлечени, во партнерска соработка со други држави, пред се со Бугарија. Шестмина од нив од ЕСА, а десет преку конвои на Бугарија, кои извлегкуваа 200 нивни граѓани. Очекуваме денеска да ги извлечеме и остантите монитори. Има семејство со петдневно бебе во Харков каде се одвиваат најголемите воени дејствија. Во постојана комуникација сме со нив. Не можеле да одговорат на повикот, бидејќи чекале породување. Имаме комуникација со многу држави, за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, да го извлечеме тоа семејството, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.