Aрмискиte тимови без заддршка го пребаруваат секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш, во Турција.

Припадниците од вториот тим од Баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување се обидува на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи.

Напорите и надежта за пронаоѓање живи луѓе од страна на тимовите за пребарување на теренот се несмалени.

Од страна на нашите армиски тимови без заддршка се пребарува секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш. Припадниците од вториот тим од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување заеднички со тимови од Велика Британија, Франција и Германија и со непрекината подршка од спасувачките екипи од Туркије и нивната Армија се обидуваат на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи.

Помагаме на секој можен начин на населението од сојузничка Турција погодено од катастрофалните земјотреси. Армијата и Министерството за одбрана испратија шлепер со хуманитарна помош , пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција.
Благодарност до Македонско-Турската стопанска комора, која се погрижи за пакувањето и транспортот на хуманитарната помош, велат од Армијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.