Здружението за одбрана на македонизмот, македонското име и постоење меѓу народите, „Македонски манифест“ објави писмо со кое се спротивставува на евентуално испраќање македонски војници во каква било акција на НАТО во Украина.

Реакцијата на „Македонски манифест“ ја објавуваме во целост:

„Македонски манифест“ ги повикува сите чесни и неодродени Македонци да му кажат НЕ на НАТО за вовлекување на Македонците во евентуална братоубиствена војна на македонскиот со рускиот народ. НЕ за испраќање на македонски НАТО-војници во исто така братска Украина. Западната здивена НАТО-алијанса треба да знае дека рускиот и македонскиот народ во минатото пиеле од ист јазичен и идентитетски извор. Нивната прагенеза е заедничка, заедничка и со другите словенски народи, и тоа е втиснато како царски печат во македонската меморија. Македонците и Русите се фиданки на иста семејна лоза и затоа тие не можат да војуваат едни против други.

Во овој контекст ги потсетуваме западните воени силници обединети под капата на НАТО, дека Македонците се народ со пацифистички, космополитски дух и душа, по дефиниција антифашисти. Оттука тие ни сега нема да застанат на страна на обновениот фашизам по Хитлер, кој почна со атомските бомби над Хирошима и Нагасаки 1945. Впрочем тој обновен фашизам и изврши идентитетски геноцид со силеџиското преименување над Македонците во Преспа/Нивици во јуни 2018, Македонците исто така на референдум се изјаснија против сојуз со НАТО.

Драги неодродени Македонци, Македонија и светот во кој сте расеани и со смртоносните бомбардери на западните „демократи“, поддржете го АПЕЛОТ на МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ за НЕ на македонски НАТО-војници во Украина. НЕ! НЕ! НЕ!

За Македонски манифест:

Ефтим Клетников – поет

Агатангел – Митрополит повардарски

Проф. Стојан Стојков – композитор

Проф. Запро Запров – диригент

Алдо Климан – пиател

Проф. д-р Цветан Гавровски – универзитетски професор

Проф. д-р Слободан Пренџов – универзитетски професор

Проф. д-р Наташа Котлар – историчар

Ристо Никовски – амбасадор

Фима Клетникова – поетеса

Дардан Венетски – правник

Сотир Костов – правник

Александар Русјаков – писател

Проф. д-р Нестор Огинар – универзитетски професор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.