Антиваксерите бомбардираат со податоци. Вакциналните фанатици велат, само вакцината ќе го спречи ширењето на вирусот, со неа ќе постигнеме колективен имунитет, само вакцината ќе спречи појава на нови мутации. И сега имате 120.000 нови случаи во Британија дневно, и како луѓето да веруваат на ова!!! Место да се признае дека вакцините не штитат од ширење на вирусот, не штитат дури ни од повторна инфекција па и болест, бидејќи е очигледно вирусот и понатаму се шири, треба да се каже јасно и гласно, да така е. Вакцините за десетина пати намалуваат хоспитализација и смрт. Вакцините имаат несакани ефекти и тие се тие и тие, вели во интервју за „Локално“, микробиологот д-р Никола Пановски.

Toj напоменува дека ризикот од смртта или постковид комликации е десет пати поголем кај непрележаните и невакцинираните, несаканите ефекти се извонредно ретки , но постојат и дека секој сам треба да направи избор за тоа дали ќе прими вакцина или не.

Особено ефект би имале овие податоци, ако се споредуваат кај ранливи категории и постари над 50 години. Форсирањето да се вакцинираат млади и деца е исто така контрапродуктивно. Едно е препорака, друго е присила, смета микробиологот.

Целото интервју на  д-р Никола Пановски. на Локално.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.