Македонија има намера да ѝ испрати на Украина 12 воени хеликоптери Ми-24 од руско производство, кои Скопје ги набави од Украина во 2001 година. Четири хеликоптери беа подложени на модернизација на НАТО.
Како што пишува московскиот Комерсант, Македонија веќе испратила четири авиони Су-24 и неколку тенкови Т-72 во Украина, кои своевремено ги набавила и од Украина. Македонската влада наскоро треба да расправа за донацијата на хеликоптери.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и му се заблагодарил за помошта.
Од друга страна, пак, одговор пристигна од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која смета дека овој потег е голема грешка.
Таквата одлука ќе ја сметаме за голема грешка на македонската влада, изјави Захарова.
Но, од Скопје порачале дека „Македонија е суверена земја која може самостојно да носи одлуки“.
Хрватски Јутарњи лист, еден од медиумите од регионот кој ја пренесува изјавата на Захарова, оценува дека „Захарова е бесна на Македонците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.