Следејќи ги заложбите на двете влади, за зголемена динамика на соработка и имплементација на заеднички проекти, директорите на Бугарски пошти ЕАД и на АД „Пошта на Македонија“, денеска во Софија потпишаа Mеморандум за разбирање за поштенска соработка.
Mеморандумот за разбирање за поштенска соработка се однесува на развој на меѓународни поштенски услуги и е-трговија, омплементација на заеднички проекти во рамки на програмите за прекугранична соработка, претпристапните фондови на ЕУ со кои располага Република Македонија, Фондот за квалитет на услугата на Светскиот поштенски сојуз, меѓусебна поддршка за учество во меѓународни организации и програми од поштенската област и размена на добри практики и знаење за развој на иновативни услуги.
Како што се наведува во соопштението од АД „Пошта на Македонија“, со продлабочувањео на соработката помеѓу Пошта на Македонија и Бугарски пошти се отвора нова страница во односите помеѓу двете поштенски управи, со која во иднина и на граѓаните, и на деловната заедница од двете држави, ќе им се обезбедат поквалитетни и поефикасни поштенски услуги.
– Убеден сум дека секој во рамки на своите институции, со сопствена иницијатива и одговорност, може да придонесе да се отвори нивна страница во односите на двете земји, преку олеснување на комуникацијата помеѓу граѓаните и деловните субјекти, истакнал во своето обраќање генералниот директор на АД „Пошта на Македонија” Јани Макрадули.
Иако денеска се потпишува Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Македонија“, се посочува во соопштението, двете поштенски управи веќе преземаа активности за практична имплементација. цр/хс/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.