Државјанка на Македонија била полесно повредена во турканиците во близина на бомбашкиот напад во Истанбул. Таа е веке вратена дома.

Други настрадани или повредени македонски државјани нема, информираат од МНР. Во мегувреме турската полиција ја уапси сиријката Ахлам Албашир, под сомнение дека ја поставила бомбата во чија експлозија вчера загинале најмалку 6 лица, а осумдесетина се повредени.

Уапсената веднаш признала дека била обучувана од курдски милитанти, а наредбата ја добила од центарот на терористичката организација во Сирија. Во нејзиниот стан се најдени муниција, пари и злато. Приведени се и околу 40 други лица за кои се сомнева дека се поврзани со нападот.

Полицијата за терористичкиот чин го обвини сирискиот огранок на курдската работничка партија, кој за време на војната беше помаган и поддржуван од САД. Турција, ја искористи приликата, повтроно да го обвини Вашингтон дека соработува со Курдите, а овојпат одби и да прими сочувтсво од САД .

Турските власти стравуваат дека нападот во Истанбул може да биде само почеток на други инциденти во пресрет на изборите кои треба да се одржат во јуни во земјата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.