Претседателот Стево Пендаровски и покрај тоа што јавно се откажа од покровителство на Охридскиот пливачки маратон, поканет или не, се појави на истиот. При тоа од неговиот кабинет тврдеа дека посетата била во својство на покровител на истиот, пишува „Њуз1.мк“.
Покрај тоа што Претседателот ги поздрави учесниците на маратонот, искористи да ги посети и децата кои беа дел од работичницата за екологија на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На истата која се спроведе во градскиот парк на целта каде што пристигнуваа маратонците Претседателот се соочи со чудна случка. Имено групите во кои беа дечињата учесници на работилницата беа насловени: „Илинден“, „Македонија вечна“, „Рибари“, „Никогаш Cеверна само Македонија“ и „Лихнид“.
Како што пишува порталот, Пендаровски не искоментира колку бил задоволен од тоа што го виде, но јасна е пораката која дечињата му ја пренесоја на Претседателот.
Фото: Њуз1.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.