Се сеќавате на оние кампањи бесплатно здравство, поквалитетно здравство, образование, не знам што се не не лажеа за време на реферундумското изјаснување. Па, ни се случуваше да на определени места имаме излезеност од 98, 99%, толку акламативно луѓето гласаа, а таму присутни немаше ниту третина од тие што дента гласаа, самото тоа беше предвесник на тоа што се случува бидејќи тоа немаше никаква врска со стандардите ниту на Европа, ниту на НАТО, полнење кутии, насилство, итн.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Отворено студио“.

Мицкоски додаде дека со оваа власт Македонија наместо да оди напред, таа како држава за жал назадува.

Денеска Македонија на самиот почеток на емисијата кажавме дека е посиромашна од претходно, понижена, омаловажена, поделена, поделена внатрешно, политички поделена, концептуално поделена. И наместо да одиме напред, ние како општество за жал назадуваме, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека државата изгуби пет години кои што многу ќе значат понатаму.

И од тие причини секоја идна Влада, а јас сум убеден дека тоа ќе биде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, сериозно ќе се зафати со сериозни реформи кои што ќе ја придвижат Македонија напред односно ќе донесат поквалитетен живот и ќе ја вратат надежта кај луѓето, заклучи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.