Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во рамките караванот „Рамо до рамо, до победа“ денеска беше меѓу граѓаните на Гостивар.
Лукаревска рече дека СДСМ, како одговорна и државотворна партија ќе стори сé за да продолжи напредокот кон Европската унија но дека одговорност имаат сите политички партии.
-СДСМ ќе направи се за да продолжи европскиот пат, да продолжи напредокот кон ЕУ. Одлуката за ЕУ е одлука за иднината и сите политички партии имаат одговорност. Затоа треба да ја поддржат. Сега е време да застанеме заедно и дијалогот да продолжи. Ние подадовме рака, ДПМНЕ го смени ставот, не се против уставни измени, прифаќаат учество во заедничка Влада, признаваат легитимитет на Собранието. Даваме уште време и повикуваме во интерес на земјата што поскоро да продолжи разговорот за уставните измени. Се работи за реализација на стратешка, надпартиска цел за членство во ЕУ, рече Лукаревска.
Заменик претседателката на СДСМ нагласи дека, во време кога државата има историска шанса за исчекор во евроинтеграциите, со силна и јасна меѓународна поддршка за членство во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет, политичките калкулации треба да се остават на страна.
-Граѓаните сакаат да бидат дел од Европската унија и немаат време за губење. Затоа што знаат дека членство во ЕУ значи подобар и повисок животен стандард, подобри услови за бизнис, повеќе шанси за младите, затоа го поддржуваат европскиот концепт, наспроти концептот на блокади и враќање назад, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.