Од Центарот за управување со кризи велат дека засега немало, но доколку има потреба ќе се испрати воздушна помош за гаснењето на огнот во планината Стогово над дебарското село Гари.
Според хеликоптерското извидување од вчера доцна попладне – вечерта, пожарот над с.Гари е високо на планината. Од виденото и видеодокументираното, иако линијата на пожарот е голема, има само чад кон и околу Гари…
Мештаните, освен што се во информативна координација со ЦУК, преку претседателот на месната заедница, заедно со 10 луге од ЈП „Национални шуми“ и 2 пожарникара со лесно возило се подготвени за дејство ако има опасност, а и ловците од Гари се смоорганизирани и во координација со месната заедница и ЦУК исто така, бидејки го познаваат добро теренот и имаат план каде – на патот над Гари би била линијата на одбрана на селото…
Засега кај Гари има само чад, а пожарот е високо во планината…
Воздухоплови, ако има потреба, согласно ако има опасна ситуација ке бидат веднаш пренасочени кон Гари, велат од ЦУК.
Од вчерашното хеликоптерското извидување над Гари:
Од друга страна, пак, Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, вели дека иако нема опасност за селото, единствен спас е интервенција од воздух, која ја побарале уште вчера.
Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера, рече Мифтароски за МИА.
Жителите, пак, се бесни и велат дека не гледаат дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.