Откако на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и уставните измени, министерот за правда, Кренар Лога на медумите кои поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, објави Макфакс

Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње.

Претходно Лога, околу седум минути одговараше на разни прашања поставени од медиумите на албански јазик, а на македонски јазик одговор даде само на прашањето дали се размислува за нови законски измени затоа што Законот за матична евиденција е оспорен пред Уставен суд. Изрази очекувања дека Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица и законот ќе биде во сила понатаму.

Веднаш потоа беше прашан за дигитализацијата на матичните книги, но одби да одговори, коментирајќи дека не сакал да го злоупотребува настанот за други прашања.

По инсистирањето на новинарот да каже што може да се преземе, со цел поголема заштита при пренесување на податоците во дигитална форма, министерот само ги упати да се обратат до директорот на управата за матични книги бидејки тој немал такви информации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.