Министерот за правда Кренар Лога вели дека е изнанеден од одлуката на пратениците од СДСМ да гласаат против законот за амнестија. Не бил информиран зошто не гласале за законот да влезе во собраниска процедура по скратена постапка, и ова како тема ќе го постави на редовната владина седница во вторник.
Дилемата дали ни треба овој закон или не, се разгледуваат во матичните комисии кога би се дискутирало дали тоа би било најдоброто можно решение или е нешто друго во прашање, вели Лога во вечерашното интервју во Топ Тема.
Тој објаснува дека претходно добил информација од новинарите кои пак биле информирани од седиштето на СДСМ дека нема да го поддржат законот. Но, министерот немал такви најави, и одбил да коментира, затоа што вели дека за многу битни прашања се дискутира на владина седница.
Не знам дали имале партиски прегрупирања, но јас кога го образлагав законот им реков дека ќе бидам среќен да помине. Во Собрание гледам и пратеници од ВМРО ДПМНЕ, кои беа против измените на КЗ, како Милошоски, за утредента со адвокати да бараат нивните дела да застаруваат. За каков морал зборуваме тука ?! А од друга страна имам коалициски партнери пред себе кои имаат двајца екс генерални секретари кои ја издржуваат казната притвор и куќен притвор по хотели, или во Систина или на Клинички. Кога имате од една страна такви привилигирани луѓе од моќни партии во државата, а од другата страна имате докази со слики и секако друг материјал кој е доставен до пратениците уште од сабајле, од состојбите во затворите. И сега ме прашувате за политика, вели Лога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.