Откако Обединетите Нации го усвоија официјалното барање на Турција – државата да биде преименувана во Türkiye, тоа предизвика дилема во јавноста во земјава дали при транскрибирањето на македонски јазик, името треба да остане Труција или треба да се употребува Туркије.

За оваа дилема од „факултети.мк“ разговарале со претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов, кој вели дека името на државата Турција останува исто на македонски јазик.

Ние си имаме наша транскрипција. На пример, не велиме Финланд, туку Финска, не велиме Дојчланд, туку Германија, не велиме Шќиперија, туку Албанија. Или, на пример, кај нас не е Београд, туку Белград. Во ред би било ако се пишува од влада до влада да стои и новото име во заграда, но за наша домашна употреба останува исто – Турција, а со тоа и изведенките си остануваат исти – објаснува професорот.

Тоа значи дека си останува турски јазик, Турчин, Турчинка, Турци итн.

Повеќе на „Факултети.мк“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.