Ако можам да го споредам, и ако премногу добра би била споредбата Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го зема во прегратка пратениците на Левица за кои што тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ чиј што тој лидер е еден од првите најкорумпирани. Вака денес Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше на ставовите на Артан Груби во последното интервју, во кое првиот вицепремиер тврди дека имаат повеќе од 80 пратеници за изгласување на уставните измени.
Стојаноска рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту пак да говори за европски вредности.
Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициони партнери. Затоа што тука се уште се едни двајца пратеници кои што во 2018-та не попуштија би рекла и на човечки и нечовечки притисоци кои што тогаш ги имале. Така да ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментов на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности, нагласи пратеничката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.