Наместо ронката мир и некаквата сигурност која си ја посакавме на почетокот на 2022 година, таа како да реши дека е време да нè дотолчи. Па, покрај дневнополитичките препукувања од кои само ние го извлекуваме подебелиот крај, одново и одново владеење на неправдата, енормното покачување на цените на горивата, струјата, основните намирници за живот по дома, со војната од Украина добивме удар и од надвор.

Сепак, и во маката знаеме да се насмееме, да се заинтересираме и за други теми, па дури и да се фрлиме на трач, па така најразлични и баш изненадувачки се најчитаните текстови на „Република“ изминатава година:

1. Се извинуваме што ќе го видите ова

Повторно ќе се извиниме што ќе го видите ова видео. Како што за една слика вреди илјада зборови, така едно видео може да ве остави без.

2. Шестгодишно албанско девојче се удави во Грција, татко ѝ не нурнал да ја спаси зошто „имал астма“

3. Лукашенко: Ова што се случува во Украина не е ништо, верувајте ми, за ден-два може да биде многу полошо

„Пророштвото“ од првите денови од нападот на Русија

4. „Браќа дојдов, давајте тревата и да терам“: Извадил 2.100 евра за да купи дрога, не сфатил дека влегол во грешен автомобил – полициски!

5. Eте зошто „пукнала“: Карлеуша разбрала дека Душко за Нова Година во Турција заминал со друга девојка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.