Денеска ќе се одржи долго очекуваната лидерска средба на која се очекува да се одреди датумот на одржувањето на парламентарните и претседателските избори. Сепак, оваа средба е во сенка со смртта на малата Вања.
Според најавите од главните партии од власта и опозицијата, има расположение за спојување на изборите. Како единствен можен датум е 8 мај.
На тој датум би се одржале вонредните парламентарните избори и вториот круг на претседателските избори. Првиот круг од изборот на шеф на државата ќе се одржат две недели порано.
Ако ова се договори техничката влада ќе се формира кон крајот на јануари. Засега нема распложение за укинување на оваа т.н. Пржинска влада за што бара ВМРО-ДПМНЕ. Според усниот договор меѓу Заев и Ахмети 100 дена пред изборите премиерот треба да биде Албанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.