Лидерот на Политичката партија Левица, Димитар Апасиев, изјави дека нема да присуствува на лидерската средба во понеделник. Тој нагласи дека се тврд орев и со нив не можат да се договорат.

Оваа лидерска средба премиерот Димитар Ковачевски ја свика со цел кроење на европската иднина на Македонија и разговор за одлуките коишто наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус, односно средбата ќе се однесува на отворањето на Уставот и внесувањето на барњата на Бугарија наведени во Францускиот предлог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.