Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостасува на речиси сите одделенија во Клиничка болница Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка.

Тој информира дека денеска се потпишани барањата за вработување и очекува позитивен одговор од страна на Mинистерствата за здравство и финансии. Барањето е за вработување на 15 лекари, а останатите се за медицински сестри, болничари, хигиеничари и физиотерапевти.

-Со оваа група која замина во приватната болница и овие два месеци имаме пензионирање на повеќе профили, сериозно се наруши бројката на вработени во Клиничка болница- Штип. Денеска ги потпишав барањата за вработување кои ќе бидат упатени до Министерството за здравство. Се надевам дека по две и пол годни конечно ќе бидат потпишани решенијата за примање, вели Ѓеорѓијев.

Кадар недостасува најмногу во Одделот за анестезиологија, од каде за два до три месеца си заминува уште еден анестезиолог, па на овој оддел ќе останат само тројца кои ќе треба да ја извршуваат работата во целата болница. Недостаток на кадар има буквално на сите оддели, но загружувачка е ситуацијата на ортопедија, Одделот за очни болетсти, инфективното одделение.

-Ние имаме недостаток буквално на сите оддели, најдрастична бројка каде ни треба да пополниме е Одделот за анестезија каде веќе во март, април ќе останеме со минус уште еден доктор и докторот кој замнина во приватната ординација ние ќе се сведеме буквално на тројца анестезиолози за цела болница со што ќе се отежни процесот на изведување на оперативни процедури, имаме потреба на ортопедија, на Одделот за очна болести, инфективни болести, додава Ѓеорѓијев.

Во последните две години Клиничка болница Штип со над 500 вработени, сега е сведена на 440.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.