Власта, Ковачевски и Спасовски прикривале убиство. Четири дена Спасовски и надлежните менуваат изјави, дека ракометарот Тот починал од природна смрт, па без траги од насилство, за на крај да признаат што всушност се случило. Но сепак не дадоа одговор зошто 4 дена криеја и требаше медиумите и опозицијата да извршат притисок за вистината да излезе на виделина, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во четвртокот МВР излезе со официјален став, преку нивната страна на фејсбук, со кој го класифицираат настанот како обична несреќа:

МВР ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Тој посочи дека од снимката која излезе во медиумите јасно се гледа дека ракометарот Тот е тепан од три лица, а на настанот има десетина сведоци.

По оваа снимка од МВР менуваа ставови, а Спасовски и Ковачевски се уште молчат. Овие снимки кои ги објавија медиумите, но и други снимки од околните објекти, како и од системот сејф сити ги поседуваат и во МВР, како и изјавите од сведоците на настанот. Но тие наместо да ја кажат вистината се втурнаа во прикривање на убиство. Што правеле Јавното обвинителство и МВР со денови, и зошто требаше јавен притисок за вистината да излезе на виделина? Спасовски треба веднаш да си поднесе оставка. Со секој поминат ден на чело на МВР тој е опасност дека вакви настани ќе се случуваат и во иднина, и повторно тие ќе бидат прикривани, вели Лефков.

Недозволиво и грозоморно е власта да се впушта во прикривање на убиство. Одговорност мора да има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.