„Јавна покана и до БЕСА и до сите опозиционери, и до сите граѓани да се приклучат на протестот на 18-ти јуни. Затоа што тој нема да биде протест на ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе биде организиран само од нас, меѓутоа тој протест ќе биде со кој што ќе се бараат промени, а она што е заедничко во моментов и на ВМРО-ДПМНЕ, и на БЕСА е барањето за предвремени парламентарни избори“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков додаде дека од опозицијата никој не бара по коалиционен пат да дојде на власт, како тоа што го направи Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата само бараат предвремени парламентарни избори.

„Потребно е една Влада која што ќе каже НЕ, и нулта толеранција за корупцијата. Да имаме нулта толеранција за корупција, да имаме здрава економија и да имаме здраво здравство, да имаме здрава држава и средина, и правда, затоа што тоа е основното нешто кое што го барат граѓаните без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, и било од која друга националност да припаѓаат. Со Владата на Ковачевски која што е директен наследник на Владата на Заев, само препакувана и ребрендирана, верувајте дека од ден на ден ние тонеме, во жива кал пропаѓаме, и ќе ни биде се потешко да излеземе“, рече Лефков.

Лефков посочи дека ќе има и други меѓу чекори од ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе следат во Собрание.

„Повикуваме сите граѓани да излезат на 18-ти јуни, за тоа што потребно е Ковачевски да излезе и да види на кон народ е тој премиер. Затоа што човекот кој што во овој момент е премиер на Македонија не одел на избори“, нагласи Лефков.

Лефков укажа дека треба да се повика Ковачевски да излезе на избори. Ковачевски не е избран од граѓаните, него го донесоа коалицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.