„Талат Џафери се однесуваше така бидејќи ние зедовме 37 пријави за промена на Дневниот ред. Замислете со 37 јавувања на пратеници целосно беа излезени од баланс, и ова не е единственото прекршување. Правото да се пријавиме на реплика трае според членот 69 од Деловникот трае додека првиот репликант не започне со својата реплика. На реплика на колегата Фадил Зендели, Талат Џафери нареди да се затвори салата за да ги утврди кои се се во внатре во салата и кој се се пријавил за реплика. Замислете во Деловникот пишува дека правото да се пријавиме на реплика трае дури првиот репликант не започне со говор. Кој е Талат Џафери да наредува да биде заклучена салата? Апсолутно се ќе се зборува во комисијата околу однесувањето на Талат Џафери“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Лефков додаде етичкиот кодекс е потпишан токму од Талат Џафери. При тешки повреди на кодексот според член 14 користење на зборови, и изрази или нивни синоними со кои се омаловажуваат други лица и со кои се навредува нивното достоинство треба да се казни.

„Го гледам премиерот на државата кој што во една изјава во Прилеп на прашање за активната блокада ја навредува опозицијата и вели Собранието не било супермаркет и не можело кој ќе му текне да одлучува какви закони ќе се донесуваат или нема да се донесуваат. Но, токму во Собрание се одлучува кои закони ќе бидат донесени. А, во иста изјава во Прилеп, по 60 секунди кога премиерот го прашуваат за Талат Џафери вели дека ништо не слушнал. Јас ќе го потсетам и нека ја погледне седницата од следниот ден од 11-ти, на самиот почеток на седницата Талат Џафери јавно признава на кого се упатени навредите. Во дадениот момент Талат Џафери ја потцени ситуацијата затоа што тој знае да релативизира многу тешки прекршоци на Деловникот, и пред целата јавност кажа дека тој не им викал на обезбедувањето туку само им викал на вработените во службата“, потсети Лефков.

Лефков посочи дека Талат Џафери сам си призна дека им викал на вработените.

„Ако имате 120 пратеници, а првиот меѓу еднаквите да ја води работата и да биде спикер на пленумот, зошто од 120 пратеници кои што немаат јавна опомена вие би дозволиле оној со јавна опомена да го води и да биде лицето кој што ве претставува во Германија“, запраша Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.