Само во еден потег, кумот на премиерот Ковачевски добил работа од 2 милиони евра. Фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии рече на прес-конференција Мите Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата на кумот на Ковачевски склучува договор со ЕВН, каде државата има удел, во време кога дезертерот Ковачевски е заменик министер за финансии. Договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски и ЕВН е склучен на 03.02.2021 година, и истиот е во вкупна вредност од 123 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ, односно над 2 милиони евра. Договорот на фирмата на кумот на Ковачевски со ЕВН е со времетраење од две години, и тој е се уште во сила, односно ЕВН се уште може да ги користи услугите на КМГ ЕОЛ Квазар, на кумот на Ковачевски, додека самиот Ковачевски е премиер на државата, објасни Лефков.
Тој вели дека сомнеж буди фактот што Ковачевски е заменик-министер додека фирма на неговиот кум склучува договор со претпријатие каде државата има интерес.
Дополнителен сомнеж буди фактот што договорот може да се извршува и да се користат услуги од истиот додека Ковачевски е премиер, додава Лефков.
Фирмата на кумот на Ковачевски не е производител на панелите, туку само ги монтира истите, а произведувач на фотоволтаични панели во соларниот картел на фирми е фирмата основана од Ковачевски, Пиксел груп.
На овој начин фирмата основана од Ковачевски е фирмата кај која ќе завршат парите од оваа набавка од над 2 милиони евра. Со ова фирмата основана од Ковачевски е таа која има директен профит од договорот помеѓу КМГ ЕОЛ Квазар и ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.