Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања истакна дека има едно прашање за премиерот Ковачевски, а другите две прашања би сакал да ги постави на обвинителот Јовевски.
Почитуван премиер Ковачевски, од изборот на Владата до денеска се случија многу непријатни моменти и за јавноста и за граѓаните. Во Македонија од Владата преводена од Вас за жал се живее секој ден се потешко. Меѓутоа гледам дека за тоа не сте многу загрижени. Имаме енергетска криза, галопирачка инфлација, зголемување на сиромаштијата, живееме во национална катастрофа. Имаме премиер, извинете што ќе речам меѓутоа кој што народот не го познава, кој што предводи една опструирана Влада и да знаете дека тоа е вистината. Меѓутоа она што би сакал сега да зборувам, нема да зборувам за новото задолжување кое што го најавивте и тоа 900 милиони евра, ново задолжување, тонеме од ден во ден. Меѓутоа нема за тоа да зборувам, сакам да зборувам за нешто друго, а би сакал да зборувам отворено овде од говорница за Вашите релации со криминалот во Владата, да разговараме за Вашата одговорност во владата. имено Вашиот генерален секретар е фатен во тежок криминал. Двајца генерални секретари фатени во тежок криминал во рок од пет години. Сега гледаме дека генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска документација. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле државни пари. За Зекири се бара притвор, за хрватските државјани се сознанијата дека се надвор од земјата. Случајот за злоупотреби на генералниот секретар беше обелоденет на 08.04.2022 и како што е познато тие изготвувале физибилити студија која што чинела еден милион евра, потсети Лефков.
Лефков додаде дека Ковачевски Зекири во Собрание го има предложено за генерален секретар на Влада.
Она што сакам да Ве прашам следното, на 11-та седница на Владата сте донеле заклучок со кој што Владата ги задолжил заменикот на претседател на Владата задолжен за економски прашања, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат подготовка на физибилити студија. Како Битиќи, Крешник Бектеши и Јани Макрадули кои биле задолжени за постапката се поврзани со криминалот на Мухамед Зекири, односно со криминалот на генералниот секретар? Колку прекршоци се направени? Дали сметате дека има и дополнителни прекршоци на етичкиот кодекс со кој што се фалевте дека ќе се борите против корупција? Дали размислувате и дали чувствувате одговорност од ова што се случувало во Владата, во која Вие ја водите, што практично ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник, го запраша Лефков Ковачевски.
Вие сте претставник на политичка партија која што е корумпирана партија и која што има пресуди за злосторничко здружување и која што е синоним за криминал и корупција. Тоа го потврдуваат судски пресуди во кои се осудени и обвинети функционери на ВМРО – ДПМНЕ но и нивни признанија пред македонските судови, му одговори Ковачевски на Лефков. Додаде дека со судските одлуки за Титаник, Плацеви на Водно, Тенк и многу други е потврдено дека постоело здружување, перење на пари, незаконско богатење преку оф шор фирми, изборни измами, криминализација на изборниот процес.
Законски пресуди има веќе за предмет Тврдина, за насилно прислушување и кршење на човекови права. Тројца секретари на ВМРО – ДПМНЕ имаат признаено вина и потврдија дека ова е правено во партијата. 11 години ВМРО ја фалсификуваше војлата на граѓаните и тоа токму преку вакви активности, нагласи Ковачевски.
Во врска со истрагата што се води против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, Ковачевски рече дека на барање на бирото за јавна безбедност, оддел за сузбивање на организриран и сериозен криминал, секторот за криминалистички истраги, единицата за финансиски истраги Владата ја предаде целата документација.
Јас не толерирам никого без разлика на политичката припадност и се придржувам на тоа. Во истиот момент кога беше објавено дека постои истрага од јавното обвинителство, генералниот секретар на Владата поднесе оставка, таа беше во истиот момент прифатена и на наредна седница е именуван нов генерален секретар на Владата, нагласи Ковачевски.
Ковачевски, го упати Лефков, за сите понатамошни прашања, со оглед на тоа дека јавното обвинителство е независно и судството е независно, одговори за ова да побара во обвинителството или во судството доколку се води судска постапка.
Лефков следното прашање го постави до Љубомир Јовевски во врска кривичната пријава која што беше поднесена од државното правобранителство против Артан Ајро специјален обвинител на Специјалното јавно обвинителство сега обвинител во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Гаврил Бубевски поранешен специјален обвинител на СЈО сега шеф на Основно јавно обвинителство – Скопје и Арафат Муареми поранешен истражител на Специјалното јавното обвинителство, а сега директор на Управата за финансиска полиција и Сеад Кочан поранешен сопственик на „Трансмет“. Според кривичната пријава од правобранителството тие заедно и со меѓусебен договор организирано во група првопријавениот Арта Ајро и второпријавениот Гаврил Бубевски во постапка пред суд, а трето пријавениот Арафат Муареми во истражна постапка знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот Сеад Кочан дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконското постапување од страна на четвртопријавениот, а првопријавениот и второпријавениот според кривичната пријава не ги презеле сите законски пропишани и правни дејствија кои биле должни да ги преземат во постапка. што се случува, до каде е оваа постапка?
Она што е заедничко и за првото и второто прашање е и што и двете беа обелоденети на 08.04.2022 година, црн петок кога дознаваме дека и генералниот секретар е вмешан во криминал тежок еден милион евра и во исто време дознаваме дека и имот кој што требало да биде запленет и да биде сопственост на државата се раскрчмувал, се делел, без никој да води сметка, појасни Лефков.
Лефков третото прашање кое што го постави исто така беше насочено кон обвинителот Јовевски.
Последното прашање ми е навистина мачно и тешко да го поставам, меѓутоа седум месеци поминаа од стравичната несреќа во модуларната болница во Тетово. Седум месеци, од 8-ми септември до денеска, каде што ни гореа живи луѓе и Вие секогаш успевате да ја замолчите јавноста кога кажувате дека такви теми биле многу мачни, биле многу тешки и не треба да зборуваме. Па, не смееме да ги оставиме тие работи да бидат заборавени. Сакам да Ве прашам дали кривично некој ќе одговара з апожарот во модуларната болница во Тетово, запраша Лефков.
Лефков рече дека апсурдна е ситуацијата да се чека превод на извештаите со месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.