Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Денес продолжуваме со откривање детали за бизнис империјата на семејството Груби. Се наоѓаме на улица Македонија, една од најфреквентните улици во Скопје, во чија близина се голем број на институции и трговски центри. Токму зад мене се наоѓа најновата инвестиција на семејството Груби, голем деловен простор, купен во време додека Артан Груби е вицепремиер од страна на неговиот брат, ова денеска преку прес-конференција го истакна Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој деловен простор е со површина од 127 м2, и според катастарската евиденција е сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби. Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра. Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание? Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции. ДКСК и ЈО да не чекаат и да отворат постапка за бизнис империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна – вели Лефков.
Тој додава дека утре продолжуваме со објавување на нови детали, и дилеми кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.