Либерално демократската партија најостро го осудува вандалскиот чин на симнување на знамето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од јарболот пред храмот Свети Наум Охридски, по што веднаш е поставено знаме на Албанија.
Ова е директен напад кон верниците, но и кон свештенството на МПЦ – ОА и претставува сериозен аларм во државата, особено кога некој се дрзнува да си игра со верските и националните чувства на граѓаните.
Намерните провокации не придонесуваат кон соживот, толеранција и разбирање на различностите. Како наближуваат изборите, најголем број од партиите ќе играат на нивната најсигурна карта, картата на национализмот и презирот кон сите и сѐ што е поразлично од нив. Ваквите немили настани се само еден дел од валкана игра, која одредени политички субјекти се подготвени да ја играат само за да се задржат или да дојдат на власт.
ПРЕПОРАЧУВАМЕ Кавадарци, Струмица, Кичево и Битола вечерва дишат најзагаден воздух!
Веруваме дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме и бараме од албанските политички субјекти да го осудат овој варварски чин и со тоа, да ги обесхрабрат идните потенцијални провокатори.
ЛДП, како политичка партија каде членуваат и се застапени припадници на сите етнички заедници и религии, смета дека во едно мултиетничко општество треба да се дискутира како да се подобри состојбата во сите сектори на државата и таа да се издигне на рамниште на западноевропските земји.
Како либерали, силно веруваме дека во нашата држава треба да царуваат либералните идеали на слобода, еднаквост и взаемна почит, како и тоа дека сите заеднички треба да работиме во насока на реализирање на европската либерална замисла – “Обединети во различностите”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.