ЛДП, ДОМ и ДС да престанат да служат за поддршка на криминалот на СДСМ-ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикуваат овие партии наместо слуги да станат противници на криминалот.

ЛДП, ДС и ДОМ по нивна слободна одлука се пајтон партиите кои служат за покривање на криминалот на СДСМ И ДУИ. Досега од ветувањата за една изборна единица, отворени листи и други нивни декларативни заложби не добија ништо од СДСМ и ДУИ, напротив тие продолжија да го штитат и да служат како закрилник на криминалот на СДСМ и ДУИ кој се одвива на големо. Токму затоа останувањето во коалиција на централно ниво значи само продолжување и поддршка на криминалот и корупцијата од владата на пиунот на Заев, Ковачевски, предводена од ДУИ, а поддржана од ЛДП, ДОМ и ДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.