Серија земјотреси во Грција, во пограничното подрачје помеѓу Битола и Лерин, со епицентри 120 километри јужно од Скопје, регистрираше денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци, од населението во градот Битола и околината најсилно беше почувствуван земјотресот во 10.46 часот, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала – информираат од Опсерваторијата.

Претходно, во текот на ноќта битолчани повторно се разбудија вознемирени од земјотресот кој ги стресе во 3:40 часот.

Според информациите на ЕМСЦ истиот бил со интензитет од 2.8 степени по рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција и градот Лерин каде пред неколку дена беше почувствуван силен земјотрес кој го почувствуваа и граѓаните на Скопје, но и околните градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.