Душко Лазаров доби драконска казна затвор за нешто што воопшто не било негова задача. Адвокатот на полицискиот службеник кој ја доби една од највисоките пресуди за настаните од 27 април, за „Алфа“ вели дека неговиот клиент кој сега наместо на слобода е во затворот во Штип, иако бил член на оперативниот штаб на МВР за протестите, немал ингеренции да дава наредби, па поради тоа навистина е нејасно зошто воопшто беше осуден за настаните во Собранието, а пак не одговара никој од СВР Скопје кои биле надлежни за подрачјето каде беше протестот.

Душко Лазаров доби 15 години, човекот не бил ни присутен во Собрание, во тој миг за да знаете командува и ова е на подрачје и одговорни се СВР Скопје, но ни еден од СВР Скопје не одговараше. Оперативниот штаб на кој му припаѓа Душко Лазаров е во МВР и тој е за територија на цела Република Македонија, он не поседува сили. Сево ова фрла една дамка на објективноста на пресудата и на начинот на кој се водел предметот, изјави Давидовиќ.

Давидовиќ потенцира дека една од најголемите дамки на овој судски процес е и нееднаквоста на оружјата, односно Обвинителството имало многу повеќе простор за разлика од одбраната да ја претстави својата страна на приказната.

Во конкретниот случај обвинителот беше затоа што можеше да ги постави сите прашања, а ако го следевте предметот добар дел од прашањата нас не ни беа дозволени, не ни беа дозволени и добар дел од доказите кои што ги предложивме. И тоа е една посебна приказна каде што судот кога ќе биде поднесен обвинителниот акт со листа на докази, воопшто не ги испитува доказите на обвинителот зошто се поднесени и за што служат, но кога одбраната ќе ги поднесе доказите веднаш се поставува прашање на пример на обвинителот, па што докажуваат овие докази, да дали се потребни, па добар дел судот ќе открие, изјави Давидовиќ.

Дамка на овој предмет секако фрла и начинот на сега шефицата на Врховен, Добрила Кацарска, го водеше судскиот процес односно целодневните рочишта, кои според Давидовиќ не дале можност адвокатите и обвинетите добро да ја спремат својата одбрана. Тој вели дека ваков начин на водење на судски процес не видел во текот на неговата долга адвокатска кариера.

Ние останувавме до 11, 11 и пол, 12 ноќе, почнувавме 10 сабајле со една кратка пауза од час или 2 и вие после толку време поминато во судница не сте ни во состојба да функционирате квалитетно, посебно да вршите вкрстено испрашување на навистина битни сведоци, а да не заборавиме во судница се во прашање човечки судбини, не се таму работи кои што можеме да ги поправиме, изјави Давидовиќ.

Во разговор за Алфа пред две години и ќерката на Душко, Марија Лазарова изразуваше зачуденост зошто нејзиниот татко воопшто е осуден. Како што кажа таа, во доказната постапка дале голем број докази дека Лазаров немал надлежност овластување да издава наредби на полицајците, но бадијала.

Душко Лазаров се огласува за виновен, меѓутоа во образложението не постои ниту еден материјален доказ кој што кажува дека Душко Лазаров тој ден требало да издава наредби, цитирани се голем број материјални докази од кои се докажува дека Душко Лазаров немал овластување да ја издава таа наредба, изјави пред камерата на Алфа, Марија Лазарова.

Семејството Лазарови првостепената пресуда ја обжали, заради повеќе сушстествени повреди како што е погрешно утврдена фактичка состојба, повреда на материјалното како и повреда на правото на одбрана, но доби само мало намалување на казната од две години. Неговото семејство, како и сте на осудените за 27 април, сега правдата ја чекаат од Врховниот суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.