Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров им одржа вистинска дипломатска лекција на своите колеги. Два дена беше во Скопје и на крајот од престојот одржа прес конференција за која владееше невиден интерес.

Стотина новинари од Русија, Македонија, Косово, Србија, се собраа да го слушнат и прашаат Лавров. Тој пак стрпливо им одговараше и не дозволи да биде испровоциран.

Како и да биде кога има повеќе од 30 години дипломатско искуство и многумина од неговите „колеги“ не биле ни родени кога тој веќе бил во дипломатска служба.

Лавров не одбегнуваше ниту едно прашање, без разлика дали станува збор за Македонија, ОБСЕ, Украина, Косово, односите со САД….

Напротив, одговараше смирено па дури и се шегуваше со новинарите.

До него седеше Марија Захарова. Негова верна сенка, вистинска жена-змеј. Ја имаше ситуацијата под своја контрола и будно ја следеше секоја рекација на нејзиниот шеф и на новинарите.

Да, на таа Марија Бугарите не и дозволија прелет. Се на сѐ Русија го украде шоуто на ОБСЕ во Скопје и однесе дипломатска победа на гости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.