Интервјуто на новинарот Драга Павловиќ Латас во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров предизвика бура од реакции во јавноста. Мислењата се дијаметрално спротивставени имајќи предвид дека во дискусијата се вклучија и политички чинители и борци за човекови права.

За Хелсиншкиот комитет и поранешни членови на Шарената револуција спорни се изјавите на Латас во кои раскажува сексуални искуства, додека пак Латас во реакциите препознава хајка против него која има цел да ги одвлече погледите на јавноста од скандалот со ФЗОМ.

Во јавната дискусија која цел викенд се одвива на социјалните медиуми се вклучи и Форумот на жени на СДСМ, но и самиот Зоран Заев.

Нападите се насочени и кон јутјуберот Стефан Лазаров, па во негова одбрана се крена и неговото семејство, мајката Анита Лазарова и неговата сестра, актерката Марија Лазарова.


Неодамнешното гостување на новинарот Драган Павловиќ – Латас во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров. можете да го погледате на линкот што е прикачен.


Хелсиншкиот комитет за човекови права прв се огласи во врска со интервјуто.

Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров, каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15-годишна возраст злоставувале и силувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство. Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.

 

Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како ‘вистински мажи’ и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да ѝ се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во хајката на социјалните мрежи се вклучија пратеник на СДСМ, Форумот на жени на СДСМ како и партискиот експретседател Зоран Заев. Латас одговори на изјавата на Зоран Заев за порталот Мактел на Саше Политоко.

Веднаш да го лоцираме изворот, главниот поддржувач на сорсоидите, негова платена војска кога ќе му затреба. А сега му треба дефокус од многу теми, како аферата во Фондот за здравство, на пример.

 

Станува збор за Зоран Заев, фронтменот на нивната шарена револуција, заштитникот на Катица Јанева и СЈО, со се што следи во и околу нив.

 

После сите ботови на нивните социјални мрежи, платени невладини и партиски функцинери од пратеници со женски форум на СДСМ, се јави и шефот. Главата на хајките – Зоран Заев.

 

Во негова изјава која ја објавува неговиот портал Мактел, партнерот и другарот на Марјан Доказ со години, Зоран Заев изјавува:

 

(Латас) Многу лош и злобен човек, му помогнав и нему и на неговиот син кој требаше да се лечи во Германија, дојде да ме моли и да плаче во кабинет кога станав премиер, јас простувам и не сум злопамтило особено помагам на оние кои се во невоља без разлика што направиле против мене и моето семејство… Нека му служи на чест што ниту е благодарен па дури и ја манипулира и лаже јавноста дека сум сакал да му наштетам и да му се одмаздам – изјави Заев за Мактел.мк

 

То е тоа, пријатели. Машина за лаги, спинови, пакувања истраги, прогони, патрон на судството и лидер на обвинителствто… Зоран Заев и неговите соросоиди.

 

Никогаш, никаде, ни приватно ни службено, ни на улица ни во канцеларија… никаде не сум се сретнал со Зоран Заев освен при неговото гостување во Сител.

 

Никогаш, ниту телефонски, не сум разговарал со него, и немам негов телефонски број. Заев лаже. Заев лаже. Заев лаже, ама тоа ви е на сите познато. Но, ни јас не сум верувал дека е гнаса до ова ниво.

 

Да изјави дека “сум плачел кај него во канцеларија за да молам помош да се лекува мојот син во Германија“ е најдолна можна манипулација со трагедија на едно семејство во таква ситуација и со судбина и состојба на, во тоа време, болен млад човек.

 

Бидејќи никогш не сум се ни сретнал ни слушнал со Зоран Заев ова е лага. И тоа пакувана со злоба и подлост.

 

Болен од карцином, мојот син се лекувал исклучиво со приватни пари за што постојат фактури, обезбедени со проджба на стан, за што е известено и СЈО за да знае која е целта и намерата за продажба на станот и парите од него.

 

А Зоран Заев вели „плачеше кај мене во кабинет да му помогнам…“. Па, просудете сами со кого имаме работа. Ова е веќе на граница на неговата ментална состојба, ако не и потаму.

 

Како би се чувствувал било кој од вас во оваа прилика? Патронот на хајките не издржа да не се појави и сега, и стави тонч на нивната хајка. Политичка. Партиска. Заевистичка, со ова потпишан лично од него, пишува Латас.

Се огласи и Стефан Лазаров, кој повика да се погледне подкастотм во кој Латас во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била силувана.
Чувствувам морална одговорност да Ви се обратам на сите по скандалозните обвинувања дека сум подржувач на силување и на малтретирање на жени.

Од старт сакам да кажам и потсетам дека од првиот ден зборувам јавно за еднаквост, поддршка и љубов помеѓу мажите и жените и никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род.

 

Многу од вас можеби слушате и првпат за мене денес, па си формирате своја слика на лажни обвинувања. Тие што ме следат постојано точно знаат каков човек сум и за што се залагам!Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години. Не би сакал да навлагам во детали, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за силување. И јас имам и мајка, сестра, девојка, баба и многу пати пак , ќе повторам , сум зборувал за еднаквост!

 

Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент да уништите некого и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш, пишува Лазаров на ФБ.

Пратеник од СДСМ бара неодложно апсење на Латас, СДСМ бара укинување на Јутјуб каналот Лазаров и повлекување на спонзорите. По порталите се шири фотографија од Лазаров обвиткан со македонското знаме на протести против францускиот предлог за бугарското вето и се алудира на негова политичка припадност.

Мајката на Лазаров, член на СДСМ – ја искина партиската книшка и тоа го објави на Фејсбук:

Долго време размислував да го направам тоа, но вечерва навистина, претерувам само затоа што ми пречиш, па можеш да се тргнеш од позицијата!

 

Да објавиш вакво нешто само затоа што не ти се допаѓа гостопримството, а притоа етикетираш млад човек.Насилството врз жените е многу многу примитивно ѝ веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ се уште ја сакам ДЕМОКРАТИЈАТА, напиша Анита Лазарова на Фејсбук.

Во одбрана на младиот јутјубер застана и неговата сестра, актерката Марија Лазарова.

Првпат се огласувам јавно на оваа тема, до сега бев фер и зборував само каде што треба – на ссотаноци. СДСМ, вие сте партија која покажа кукавичлук, борба против индивидуалци кои само работат во нивната држава со ресурси што сами си ги обезбедуваат.

А вашето дело: предавство, елитизам, непотизам, неспособност, лицемерие и клечење задник на организации кои не застапуваат ништо и тоа зад кое се повикуваат. Лазаров нема да падне, моето семејство – индивидуалци кои многу чесно и макотрпно си го заработуваат лебот, нема вечно да биде жртва на партиски удари и притисоци, дур сум жва нема да ја наведнам главата. Срамете се, изгубивте многу, жал ми е што ја посрамотивте единствената партија што требаше да застапува прогресивност.

А вие Форум на жени, занимавајте се со неправди како случајот на Јилдиз Веапоска, а не да се криете како пички позади владина партија, навредени од нечие смеење на сопствената платформа, кое не штети апсолутно никому, стои во фејсбук статусот на Марија Лазарова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.