Можеме да излечеме дека прво протестите се успешни, а второ Мицкоски знае како да го води овој процес и веќе станува лидер, не само претседател на партија. Може за себе да каже дека лидер политички и тоа на повеќе луѓе отколку ВМРО-ДПМНЕ и да смета на добра иднина за себе и партијата, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа.
Латас посочи дека трето што се гледа е цепкање на СДСМ, односно гледаме дека сега гласови на улица им зема Левица, а луѓе од СДСМ и дека поранешни функционери одат во два правци.
Одат кај Максим Димитриевски во Куманово кој ја претставува традиционалната вредност на СДСМ, кој ќе прогласи движење и по моја проценка може да дотера помеѓу 70-100 илјади гласа од старт. Помладите одат во Левица. А СДСМ ќе остане на 100-180 илјади гласа и без употребна вредност, нема што да испорача. Ќе остане тоа што е бизнис лоби кое ќе може да кешира ппо соросоиди, тендери тука ќе биде распад, изјави Латас.
Тој нагласи дека во политика постоиш додека имаш употребна вредност, затоа Заев си замина на време затоа што знаеше дека нема употребна вредност, ни како човек, ни како политичар ни неговата партија.
Сега имаме ВМРО-ДПМНЕ и лидер во Мицкоски, два нови субјекта на политичкиот центар и левицата, односно Максим Димитриевски и Левица, имаме, ДУИ кое станува меѓународен терет и чија употребна вредност завршува, со тоа што за жал кај албанскиот политички жал нема друга организација, потенцираше тој.
Латас додаде дека сега на Македонија и треба политика и власт која ќе го смири македонскиот народ и тензиите, ќе ја крене економијата и ќе ја намали корупцијата и ќе воведе правен систем, бидејќи сега нема правен систем, а таква власт не може да направат СДСМ и ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.