Јас му верувам на Мицкоски дека знае и може да изврши промена и има тим кој тоа може да го следи. Ако тој успеа да го одржи ВМРО-ДПМНЕ како партија со сите удари, обвиненија и подметнувања внатре во партијата и да застане на нозе и да му расте рејтинг, тоа значи дека знае да менаџира криза, прво кај себе дома, второ тој има предност поред другите, не е компромитиран, што кога Македонија е во прашање, е многу важно, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Латас истакна дека Мицкоски таргетира најважни прашања, вработувања, трошоци, плати, енергија и односи кон соседите. Тие прашања што народот го интересираат. Од другата страна никој нема решенија.

Според Латас Мицкоски е најстручен во оваа политичка гарнитура, метар разлика па после се сите други, министри, шефови на партии и така натаму.

– Кога е стручност и чесност во прашање нема мерило, нема кој може да се мери со него. А некој што земал 40 милиони со оваа власт со тендери, па досега ќе беше во затвор во до сабајле, рече Латас.

Латас посочи дека станува збор за тендераши од кои сите потекнуваат од Струмица и пред се смешни се обвинувањата кон Мицкоски затоа што не се негов карактер.

– Тоа се тендераши. Прво сите тие се од Струмица. Гледаме кои се најголеми тендераши, прво Жикол од Струмица, Никоб од Струмица и сите од Струмица. Ако сакаш да го напаѓаш Мицкоски најди му нешто што е негов карактер, а да го напаѓаш за притисок и тендер е смешно, изјави Латас.

Според Латас, Јакимовски сака да има неограничена власт во општината и тоа е работа на карактер, но и тоа што ова му е последен мандат и излегува од политиката и има свои мотиви во оваа ситуација.

– Тука се работи за конфликт на интереси. ВМРО-ДПМНЕ на локални избори излезе и доби убедливо со намера да покаже поинаква политика која пред се е попродуктивна и не е корумпирана. Дали тука Јакимовски се осетил прозван не знам, но инцидентот на кој е прикажан инцидентот не е добар. Едноставно можеше да излезеш од коалиција и да речеш дека имаш идеолошки разлики, не мора да одиш агресивно со напад. Бидејќи секоја акција, дава реакција. Не е политиката само денеска, нагласи Латас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.